24фудбал

Се сеќавате на Редондо? УЕФА честитајќи му го роденденот потсети на неговиот магичен потег (ВИДЕО)

УЕФА потсети на магичниот потег во кој „настрада“ Берг кој сигурно и денес има добри сеќавања од тој момент по кој дојде голот на Раул, асистенцијата за многумина е една од најдобрите, ако не и најдобра досега во Лигата на шампионите.

Останато

Добрите познавачи на фудбалот сигурно ќе се потсетат на Фернандо Редондо, фудбалерот кој една декада од својата кариера ја мина во Ла Лига, претежно во Реал Мадрид каде играше шест сезони (1994/2000).

Денес Аргентинецот го слави својот 50ти роденден а од Европската куќа на фудбалот честитајќи му го роденденот потсетија на една од најдобрите асистенции во историјата на Лигата на шампионите, во голот на Раул против Манчестер јунајтед, асистенција во која тогаш „настрада“ и практично беше посрамотен Хенинг Берг, Норвежанецот кој сигурно се уште го памети тој потег...