24фудбал

Азар се огласи откако Реал и Челси потврдија дека паднал договор за трансфер (ФОТО)

Еден Азар испрати порака откако денеска пристигна официјална потврда за неговиот трансфер во Реал Мадрид, се заблагодари за остварување на сонот и изрази желба двата клуба да се сретнат во Лигата на шампионите.

Англија

Реал Мадрид и Челси вечерва пренесоа дека го договориле трансферот на Еден Азар. Детали не беа откриени, но речиси сите медиуми пишуваат дека се работи за зделка од 88 милиони фунти која може да порасне на 130 милиони фунти со низа бонуси.

По соопштенијата на двата клуба, се огласи и самиот Еден Азар, кој на социјалните мрежи постираше долга порака.

„До моите пријатели и семејство од Челси

Веќе знаете дека ќе се преселам во Реал Мадрид, не е тајна дека уште како мало дете сонувам да заиграм за овој клуб. Се обидов да не го одвлекувам вниманието, како моето, така и на клубот во овој тежок период на шпекулации, особено во последните шест месеци.

Сега откако клубовите постигнаа договор, се надевам дека ќе разберата дека морав да започнам ново поглавје, исто како што секој од вас треба да го стори тоа кога ќе му се укаже шанса да го оствари сонот. Тоа што заминувам од Челси е мојата најголема и најтешка одлука во кариерата до овој момент. Сега кога се е јасно, сакам да порачам дека уживав и го обожавав секој миг поминат во Челси и во ниту еден момент не помислив, ниту пак ќе заминав во некој друг клуб.

„Челси и особено фановите на Челси секогаш ќе ми бидат специјални, и следната сезона прво што ќе правам е да ги проверам резултатите. Се надевам дека ждрепката ќе не спои во Лигата на шампионите следната сезона, па и секоја наредна, за да можеме повторно да се сретнеме.

За крај, уште едно благодарам до сите во клубот. Во прав момент ќе се збогувам со сите мои поранешни соиграчи, но сега сакам да му се заблагодарам на госпидинот Роман Абрамович и бордот на директори за тоа што ми помогнаа да ми се остварен не еден, туку два сона. Првиот е што станав играч на Челси и вториот е што станав играч на Реал Мадрид.

Ви посакувам на сите многу среќа во иднина

Еден“