24фудбал

Ангеловски: Со офанзивен и агресивен пристап до победа над Австрија

Македонија нема да менува ништо против Астрија, селекторот Игор Ангеловски најави офанзивна и агресивна игра, и изрази надеж дека вавкиот пристап утре ќе ни донесе победа.

Македонија

Македонија го загуби натпреварот против Полска иако одигра солидно, шансата за поправен и нови бодови ја имаме веќе утре кога ја пречекуваме Австрија.

„Мора да настојуваме да играме на висина на задачата, ние во континуитет играме добро, не само со Полска туку и на претходните мечеви игравме допадлив фудбал, за жал тоа не ни донесе резултат против Полска, се надеваме дека со Австрија нема да биде така и ќе освоиме бодови на нашето конто. Ние ќе продолжиме со нашата игра, со офанзивен и агресивен пристап“, вели селекторот Игор Ангеловски.

„Секоја селекција си има свој квалитет, сега го анализиравме нивниот меч против Словенија кој го добија со 1-0, имаат индивидуалци добри, но и како тим се одлични. Ќе имаат отсутни играчи, но стилот на игра нема да го сменат, тоа е еден Бундеслигашки стил во кој се потпираат на едноставност и физикус“.

„Јас сум презадоволен од односот на фудбалерите, и повеќе од максимум дадоа со Полска, максимално се фокусирани за што е можно подобро да одиграат, крај на сезона е, сите имаа тешки првенства, повреди... но јас сум задоволен од тоа што го одигравме против Полска. Се надеваме дека против Австрија ќе дојдеме и до резултат“.

Илија Несторовски се надева дека Полска беше само исклучок за неефикасност и голови ќе има против Австрија. 

„Подолго време играме добро, обично постигнуваме голови на секој меч, за жал тоа не беше случај против Полска, загубивме од еден случаен гол на Пјонтек. Имавме неколку шанси, не успеавме да им дадеме гол, се надевам дека ќе го направиме тоа против Австрија“, вели Несторовски.