24фудбал

Лоши вести за Бразил, добри за ПСЖ

Познато е колку ќе отсуствува Нејмар поради повредата која ја заработи на пријателскиот меч против Катар.

Јужна Америка

ПСЖ потврди дека Нејмар ќе отсуствува четири месеци поради повредата на зглобот.

Тоа значи дека тој нема да настапи на Копа Америка, а тоа е лоша вест за Бразил и самиот фудбалер бидејќи овој пат првенството на Јужна Америка се игра во неговата земја.

Но, ПСЖ нема зошто да се грижи, Нејмар ќе биде подготвен за стартот на новата сезона.