24фудбал

Португалија е првиот шампион во Лигата на нации, нов трофеј со репрезентацијата за Роналдо (ВИДЕО)

Португалија со 1-0 ја победи Холандија во финалето од Лигата на нации и стана првиот победник во ова ново натпреварување на УЕФА, Кристијано Роналдо запиша уште еден трофеј со националниот тим.

Останато

Лигата на нации го доби првиот шампион, тоа е селекцијата на Португалија која во денешното финале на стадионот Драгао во Порто ја победи Холандија со 1-0.

Португалија имаше доминација во првото полувреме во кое создаде неколку шанси за гол, но Холандија го одбрани налетите и на полувремето се замина без голови.

По 15 минути игра во првиот дел се случи клучниот момент на мечот, Бернардо Силва асистираше до Гуедеш кој постигна гол за водство од 1-0 и победа на Португалија.

Ова за Кристијано Роналдо е втор трофеј со репрезентација откако претходно триумфираше на Европското првенство.

Англија го освои третото место во Лигата на нации откако претходно ја победи Швајцарија на пенали.