24фудбал

„Ле Парисиен“ вели дека Гризман е најблиску до Барса и додава: Само една причина може да ги пормети плановите

Антоан Гризман во саботата објави дека веќе знае каде ќе игра следната сезона и по се изгледа ќе остане во Шпанија.

Шпанија

Францускиот играч минатиот месец објави дека во летниот преоден рок си заминува од Атлетико Мадрид, тој силно се поврзува со Барселона, но голем интерес има и од ПСЖ.

Според „Ла Парисиен“, Гризман е многу поблиску до Барселона отколку до ПСЖ и само една причина може да го одведе во францускиот клуб.

Доколку Барса добие можност да го ангажира Нејмар, ќе се откаже од намерата да потпише со Гризман и само во тој случај офанзивниот фудбалер би преминал во ПСЖ а не во каталонскиот клуб.

Иднината на Грзиман ќе се решава од наредниот месец бидејќи од 1 јули неговата откупна клаузула од 200 ќе падне на 120 милиони фунти.