24фудбал

Рамос испиша историја, па со својот гест ги изненади сите, дури и Мората зачудено праша „Јас?“ (ВИДЕО)

Серхио Рамос ја продолжи својата голгетерска серија во дресот на Шпанија, вечерва испиша историја и стана само вториот дефанзивец кој постигнал барем 20 погодока во дресот на „Црвената фурија“.

ЕВРО 2020

Фудбалерот на Реал има седум погодока на последните осум мечеви за Шпанија и тропа на вратата на десетте најдобри стрелци во историјата на „Црвената фурија“ откако вечерва погоди од пенал против Шведска и го отвори резултатот во победата од 3-0.

Тој исто така стана само вториот дефанзивец кој постигнал барам 20 погодока во националниот дрес по легендарниот Фернандо Јеро. Серхио Рамос можеше да придодаде уште еден на свото конто откако Мората изнуди втор пенал, но дефанзивецот изненади со својот гест.

Откако топката му беше дадена на Рамос, капитенот наместо да ја постави на белата точка, му ја остави на Мората. Дури и напаѓачот беше зачуден и праша „Јас?“. Откако доби потврден одговор, Мората го прегрна својот поранешен соиграч од Реал во знак на благодарност.