24фудбал

Бенитез фаворит за нов тренер на Челси

Челси е во преговори со тренерот на Њукасл, Рафа Бенитез кој би требало да биде наследникот на Маурицио Сари на Стемфорд Бриџ.

Англија

Сари наскоро ќе биде презентиран како нов тренер на Јувентус, а и Челси ќе треба да добие нов стратег.

Англиските медиуми пишуваат дека најверојатно Рафаел Бенитез ќе биде нов тренер на Челси. Неговиот договор со Њукасл истекува на крајот од јуни.

Големи се шансите Њукасл да добие нов сопственик, Шеикот Калед бин Зајед Ал Нехајан кој треба да направи револуција во тимот. Се шпекулира дека тие го одбрале Мурињо за нов тренер, па немаат намера да ја продолжат соработката со Бенитез.