24фудбал

За прв пат тројца фудбалери на врвот на листата на Форбс, еве колку заработиле Меси, Роналдо и Нејмар за една година (ФОТО)

Магазинот Форбс ја објави својата листа на најплатени спорсти во светот, за прв пат тројца фудбалери се најдоа на првите три места, Лео Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар испишаа историја.

Останато

Бизнис магазинот од САД ја објави својата популарна листа за најплатени спортисти во светот. Форбс пресметките ги прави за периодот од 1. јуни 2018 до 1. јуни 2019 и во предвид ги зема платите, бонусите, премиите и спонзорските договори.

За прв пат откако се прави листата, првите три места се окупирани од фудбалери. На врвот е Лео Меси, кој изминативе 12 месеци заработил 127 милиони долари. Зад него е големиот ривал Кристијано Роналдо со 109 милиони евра, додека пак Нејмар е трет со 105 милиони долари.

Помеѓу најплатените 10 спортисти се и Канело Алварез, Роџер Федерер, Расел Вилсон, Арон Роџерс, Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурант.

ТУКА можете да ја погледнете целата листа.