24фудбал

Барселона на еден специфичен датум ќе го комплетира трансферот на Гризман? (ФОТО)

'Доколку се' оди според планот', Французинот би можел да ја официјализира својата преселба на Камп Ноу на еден мошне специфичен ден за својата земја, сагата околу Гризман и натаму трае, а извесно е дека нема дилеми во однос на тоа каде би завршил откако ќе си замине од Мадрид ова лето.

Шпанија

Откако Антоан Гризман во изјава за „Телефут“ објави дека мора да направи „жртвување“ за да потпише за новиот клуб, постои големо очекување во Барселона дека Французинот се одлучил за тимот од Камп Ноу.

Од Атлетико Мадрид веќе потврдија дека нивната прва ѕвезда во тимот ќе си замине ова лето, а директорот на клубот, Хил Марин откри дека уште во март знаел дека конечната одлука на фудбалерот е преселба на Камп Ноу, наводно уште во тој период Французинот ја донел конечната одлука за својата иднина.

Како и да е, трансферот се уште не е официјализиран бидејќи моменталната откупна клаузула на 28 годишниот фудбалер изнесува 200 милиони евра, а истата од првиот ден на идниот месец ќе падне на 120 милиони евра.

Дотогаш, останува во текот на овој месец двата клуба да ги завршат преговорите за Гризман, а новинарот од „Мундо Депортиво“, Михел Рико, објасни дека Французинот ќе се приклучи на шпанскиот првак на еден доста специфичен датум.

Доколку сеоди според планот, како што се наведува, Гризман би се приклучил на Барселона на 14. јули, а зошто тој ден? Затоа што е Национален ден на Франција, денот на падот на Бастилја, а новинарот тврди дека сево ова не било прецизирано, меѓутоа подвлекува дека речиси невозможно е да се најде подобар ден од тој.