24фудбал

Алегри по стапките на Гвардиола, си зема одмор и ќе паузира една година

Макс Алегри реши да оди на одмор по разделбата со Јувентус, стратегот ќе паузира една година од фудбалот и ќе ги полни батериите.

Италија

Макс Алегри откри каква ќе биде неговата иднина, стратегот следната сезона ќе биде без работа, ќе се обиде да го врати приватниот живот во нормала и да ги наполни батериите пред да прифати нов предизвик.

„Ќе земам една година одмор за да ги наполнам батериите и да го вратам приватниот живот во нормала. 16 години бев дел од машинерија која не запира, па малку се одалечив од децата, семејството и пријателите. Сега ќе им се посветам малку повеќе и ќе ги наполнам батериите за следниот предизвик“ – вели Макс Алегри.

Тој пет години беше на кормилото на Јувентус и донесе исто толку Скудета, но потфрли во настапите во Лигата на шампионите, особено оваа сезона кога беа елиминирани од Ајакс. И покрај тоа што имаше уште една година од договорот, Макс Алегри и „Старата дама“ се разделија по крајот на сезоната бидејќи немаа иста визија за иднината.