24фудбал

„Тој е многу близок со Роналдо, повторно ќе бидат соиграчи, овој пат во Јувентус“

Лотар Матеус ја откри идната дестинација на Колумбиецот, вели дека самиот Роналдо му посочил на својот поранешен соиграч од Реал Мадрид дека посакува повторно да бидат заедно во иста екипа.

Италија

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус вели дека Кристијано Роналдо посакува повторно да биде соиграч со Хамес Родригез, чија позајмица во Баерн Минхен истекува, а германскиот првак нема намера да го откупи неговиот договор од Реал Мадрид.

27 годишниот Колумбиец мина две сезони како позајмен во редовите на Баварците, неговото враќање во шпанската престолнина е неизбежна според сите околности, а Матеус открива дека неговата следна дестинација ќе биде Торино.

Разговаравме пред две седмици, во текот на прославата на Баерн Минхен за титулата во Бундеслигата, јас него го гледам во Јувентус“ вели Германецот.

Тој е многу близок со Кристијано Роналдо и ми рече дека постојано е во комуникација со него, па дури и дека му рекол дека сака да го има како соиграч во Јувентус“ тврди Матеус.