24фудбал

Бразил тргна со победа над Боливија, блескав меч на Кутињо (ВИДЕО)

Бразил со убедливи 3-0 ја победи Боливија во првиот меч на Копа Америка, Кутињо покажа многу подобра партија од тие што ги дава за Барселона.

Јужна Америка

Бразил е домаќин на овогодинешното издание на Копа Америка, тие синоќа на отварањето играат против Боливија и успешно го решија стартниот тест.

Боливија 50 минути даваше отпис, тогаш со помош на ВАР беше покажан пенал за Бразил, а сигурен реализатор беше Кутињо кој донесе водство на својата нација.

Само три минути подоцна убав центаршут на Фирмино, а Кутињо со глава реализира за негов втор гол на натпреварот и водство на Бразил од 2-0.

Најубавиот гол на мечот беше на крај, во 85. минута Евертон со одличен шут од далечина ги постави конечните 3-0.

Вечерва од 21 часот Венецуела игра со Перу, а на полноќ се игра дербито меѓу Аргентина и Колумбија.