24фудбал

Манчестер јунајтед не сака да го продаде Погба, но тој има други желби

Погба сака да го напушти Манчестер јунајтед во летниот преоден рок и да се пресели во Реал Мадрид, но англискиот клуб не сака да го продаде.

Англија

Се очекува Мино Рајола е фокусиран да го заврши трансферот на Матијс Де Лихт, а потоа комплетно ќе се фокусира на Пол Погба.

Погба сака да си замине од Манчестер јунајтед и да се пресели во Реал Мадрид, но преговорите ќе одат тешко бидејќи англискиот клуб не сака да ја продаде својата ѕвезда.

Сопствениците на Манчестер јунајтед му рекле на Рајола да не преговара со никој за трансфер на Погба, но „валканиот“ агент сигурно ќе се обиде да му ја оствари желбата на својот клиент а притоа и да „лапне“ добра провизија од неговиот трансфер.

Зидан го сака Погба, а фудбалерот сака да работи со својот сонародник, особено во клуб каков што е Реал Мадрид.

Се верува дека Погба нема да форсира заминување од Манчестер јунајтед и ќе сака ситуацијата да се реши преку дијалог по кој задоволни ќе бидат сите страни.