24фудбал

Леонардо замина во ПСЖ и со првиот потег може да го ослабне Милан

Леонардо се врати во ПСЖ каде ја доби функцијата на спортски директор, негова прва цел е голманот на Милан, Џиџи Донарума.

Италија

Иако до вчера беше во Милан, Леонардо сака еден од првите трансфери по враќањето во ПСЖ да му е токму од овој клуб.

Според „Ла Стампа“, Леонардо е подготвен да понуди 60 милиони евра за да го донесе Донарума во ПСЖ.

Но, ова може да биде и добро за Милан ако зборуваме за финансиите на клубот. Донарума е продукт на росонерите па тој ќе биде чиста заработка.

Леонардо исто така го сака и Сергеј Милинковиќ Савиќ од ПСЖ.

За Србинот подготвуваат понуда од 75 милиони евра, а него ќе му дадат петгодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона.

Лацио имаше поставено цена од 120 милиони евра за СМС, но таа падна по неговите не толку убедливи перформанси минатата сезона.