24фудбал

Манолас се договорил со Наполи?

Грчкиот дефанзивец, Костас Манолас од Рома ќе се пресели во Наполи кој би требало да ја плати неговата откупна клаузула.

Италија

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Костас Манолас ги договорил личните услови со Наполи и трансферот наскоро треба да биде комплетиран.

Наполи ќе ја плати откупната клаузула од 36 милиони евра, но Рома би сакала наместо парите да добие играч. Се шпекулира дека им бил понуден Диавара, но тие го сакале Мертенс.

Како и да е, Манолас нема пречки да потпише за Наполи, тој треба да му биде партнер во одбраната на Кулибали и замена за Раул Албиол кој се врати во Виљареал за шест милиони евра.

Според „Тутомеркатовеб“, Манолас во Наполи ќе има годишна плата од 3,5 милиони евра плус бонуси.