24фудбал

Дерби му „пркоси“ на Челси, Амрабович лично му дал големо ветување на Лампард

Се' поизвесно е дека легендата на Челси ќе биде наследникот на Сари на клупата на гигантот од Лондон, сепак, на Островот шпекулираат дека Дерби дури започнал и преговори за нов договор со Лампард.

Англија

Челси „раскина“ со Маурицио Сари, а искусниот италијански фудбалски стратег го презеде кормилото на Јувентус, па така, тоа што долго се најавуваше, конечно се оствари.

Сега тимот од Лондон е во потрага по идеално решение за испразнетото тренерско столче, а медиумите на Островот тврдат дека токму легендата на клубот и поранешен фудбалер на истиот, Френк Лампард ќе биде новиот тренер на Челси.

Сепак, од Дерби не мислат туку-така да се разделат со Лампард, па од таму му „пркосат“ на големиот Челси со тоа што веќе почнале преговори со него за нов договор, и тоа во екот на шпекулациите дека Лампард ќе седне на клупата на Челси.

Од Челси, според известувањата од „ББС“, се вели дека се уште немаат остварено контакт со Дерби, клуб со кој 40 годишниот Лампард има важечки договор уште две години, а доколку е сериозен во намерата, Челси ќе мора да издвои околу 4 милиони евра во компензација за да дојде до неговиот потпис.

Од друга страна пак „Сандеј Тајмс“ тврди дека сопственикот на Челси, Роман Абрамович лично му дал ветување на Лампард дека ќе му даде период од најмалку две сезони за да се докаже на клупата на гигантот.