24фудбал

ПСЖ му ја отвори вратата на Нејмар за заминување, можен е голем трансфер на Бразилецот

Раководството на ПСЖ не е задоволно од односот на ѕвездите во тимот кои наместо работна етика покажуваат ароганција и разгаленост, па Ал Келаифи изјави дека можат да си одат.

Франција

Можеби ова лето ќе дојде крај на престојот на Нејмар во ПСЖ, клубот не е задоволен од неговиот однос, но и неговото постојано отсуство поради повреди и разни други работи.

Францускиот клуб за Нејмар плати рекордни 222 милиони евра, но тој не даде допринос за освојување на Лигата на шампионите, а останатите трофеи, оние во домашното првенство можат да се освојат и без него.

Претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи ги искритикува ѕвездите и рече дека кој не е задоволен, вратата му е отворена.

Ваквата порака најголемиот дел од медиумите ја протолкуваа дека Нејмар е ставен на продажба, а како негов купувач се посочува Барселона.

Цената на Нејмар би била помала од 222 милиони евра, но повторно би била висока. Сега се проценува на околу 180 милиони евра.