24фудбал

Бартомеу: Гризман во Барселона? Ние не сме ни разговарале со него

ПСЖ е исто така една од можните опции за Французинот, дали Гризман ќе се пресели во француската престолнина, останува периодот кој претстои да потврди, од Барселона велат дека немаат ниту контакт со него.

Шпанија

Првиот човек на Барселона ги отфрла шпекулациите дека Барселона е во постојан контакт со Антоан Гризман во пресрет на долго најавуваниот трансфер на Французинот на Камп Ноу, тоа не се случи ланското, но, извесно беше дека ќе се случи ова лето.

Гризман објави дека и дефинитивно ова лето ќе го напушти Атлетико Мадрид, лани ја одби Барселона, а иако големи беа најавите дека тој веќе ги одбрал Каталонците, претседателот на тој клуб негира таква можност, велејќи дека не постојат ниту разговори со самиот фудбалер.

Ние веќе потенциравме за оваа тема, ние никогаш не сме разговарале со него, не постои ништо вистинито од тоа“ рече Жозеп Мариа Бартомеу во изјавата за „РАЦ1“.

Ние гледаме како трансфер пазарот расте овие денови и седмици, ќе одиме чекор по чекор и по еден безбеден процес“ посочи претседателот на Каталонците кој навести заминувања, но и засилувања за тимот од „Камп Ноу“ ова лето.