24фудбал

Да се потсетиме на една изјава на Фергусон за Погба, по трансферот на Французинот во Јувентус

Легендата на тимот од „Олд Трафорд“ тогаш во прашање ја доведе почитта која Французинот ја има кон тој клуб, меѓутоа додаде дека такви фудбалери не му се потребни во тимот.

Англија

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба од поодамна се шпекулира дека е на излезна врата од Олд Трафорд, Реал Мадрид е клубот кој се споменува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, а последните коментари на Французинот за неговата иднина дополнително ги зголемија тие шпекулации.

Размислувам за ова, да имам некој нов предизвик, на друго место, минав три години тука, имав лоши, но и добри моменти, според мене, ова би било одличен период да имам нов предизвик, на некое друго место“ посочи тој во изјавата за „Беин Спортс“ дадена во Јапонија на клупската турнеја.

Таа изјава на Французинот предизвика бурни реакции кај навивачите на тимот од Олд Трафорд, а воедно многумина се потсетија и на изјавата на легендарниот Алекс Фергусон дадена токму по заминувањето на Погба од Манчестер јунајтед во Јувентус во 2012. година.

Погба потпиша за Јувентус уште од поодамна во однос на тоа колку бевме свесни дека ќе дојде до такво нешто“ посочи тогаш Фергусон за „Дејли Мирор“.

Ова е големо разочарување бидејќи сметам дека не покажа почит кон нас во целата оваа ситуација, да бидам искрен, доколку тие продолжуваат на еден таков начин, прилично сум среќен што тој си замина и е далеку од мене, сеедно“ додаде тогаш Шкотланѓанецот.


И тука не застана Фергусон, тој инаку упати сериозни критики до агентот на Погба, контроверзниот Мино Рајола, кој очигледно има големо влијание кај својот клиент кога се работи за трансферите.

Во својата автобиографија „Лидерство“, Алекс Фергусон вели: Постојат еден или двајца фудбалски агенти кои мене не ми се допаѓаат, а Мино Рајола, агентот на Пол Погба, е еден од нив“.