24фудбал

Петте можни противници на Шкендија во првото коло од квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак е носител во својата група откако од Европската куќа на фудбалот ги објавија групите пред утрешната ждрепка на која Тетовци и дефинитивно ќе го дознаат противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонија

Утре напладне ќе се одржи ждрепката за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, таму наш претставник е шампионот во нашиот најсилен фудбалски шампионат, тимот на Шкендија.

УЕФА во пресрет на ждрепката веќе ги подели групите, а Шкендија во групата „1“ е дел од носителите задно со Астана (Казахстан), Лудогоретс (Бугарија), Црвена звезда (Србија), како и АИК (Шведска), токму овие екипи нема да им застанат на патот на Тетовци.

Во истата група како неносители а воедно и можни противници на Шкендија се Судува (Литванија), Клуж (Романија), Номе Калју (Естонија), Арарат-Ерменија (Ерменија), како и Ференцварош (Унгарија), екипа во која настапува нашиот репрезентативец Стефан Спировски.


Фото-вест: kfshkendija (facebook, архива)