24фудбал

Од распит право зад решетки, Платини уапсен поради корупција и доделување на СП 2022 на Катар

Поранешниот прв човек на европската куќа на фудбалот, Мишел Платини утрово е уапсен поради корупција во процесот преку кој Катар ја доби организацијата на Светското првенство во 2022.

Останато

Одлуката мундијалот во 2022 да му се додели на Катар беше прилично изненадувачка, и за многу кратко време почнаа да се шират гласини за нечесни игри при доделувањето на организацијата.

Неколку угледни весници направија истражување и објавија дека СП 2022 било „купено“ а за ова помогнале тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози и тогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини.

Во Франција беше отворена истрага за корупција, а како дел од процесот, денеска е приведен токму Мишел Платини. Поранешниот прв човек на европската куќа на фудбалот утрово бил на распит во Париз и обвинителството решило да го смести зад решетки.

На разговор бил и поранешниот близок соработник на Никола Саркози, Клод Геан но тој во моментов е на слобода.