24фудбал

Де Лаурентис не е сигурен колку Хамес му е потребен на Наполи, ја откри причината зошто клубот го посакува

Првиот човек на италијанскиот прволигаш откри дека клубот има и „план Б“ во случај да пропадне можноста Колумбиецот да потпише, додаде дека во такви околности веднаш би разговарал со агентот Рајола за еден од неговите клиенти.

Италија

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис во интервју за радио „Кис Кис“ донесе најнови информации околу можниот трансфер на Хамес Родригез во италијанскиот прволигаш, нешто што е мошне извесно да се случи.

Де Лаурентис не крие дека не е сигурен околу тоа колку 27 годишниот Колумбиец му е потребен на Наполи, но, истакна дека тој е голема желба на шефот на стручниот штаб на италијанскиот прволигаш.

Јас секогаш говорев дека потребни ни се двајца бекови, како и еден напаѓач, Хамес Родригез е силно посакуван од страна на Карло Анчелоти, јас не сум сигурен дека тој ни е потребен, меѓутоа тоа е желба на тренерот и коректно е да му дадеме одговорност“ посочи Де Лаурентис кој притоа заклучи и дека клубот има „план Б“, а тоа е Мексиканецот Хирвинг Лозано од ПСВ, едно од големите имиња кои се прославија на последното Светско првенство.

Хамес е премногу добар фудбалер, а тоа не може да биде доведено во прашање кога Анчелоти посакува да го има во тимот, сигурен сум дека ќе биде од корист, дури и фактот што е многу скап, јас реков да го реализираме сето тоа, доколку не дојдеме до неговиот потпис, во еден таков случај би разговарал со Рајола околу Лозано, бидејќи ние не можеме да ги купиме двајцата“ заклучи првиот човек на тимот од Неапол.