24фудбал

Барса му поставила неколку услови на Нејмар за враќање на Камп Ноу, еве што треба да направи Бразилецот

Медиумите од Бразил пренесуваат дека Барселона на Нејмар му поставиле неколку услови за враќање на Камп Ноу, напаѓачот ќе треба да се откаже од најмалку 26 милиони евра и јавно да каже дека сака назад.

Шпанија

Трансфер на Нејмар на Камп Ноу е топ тема изминативе денови. Последните информации кои пристигнуваат од Бразил велат дека Барселона му поставила неколку услови на напаѓачот за враќање.

УОЛ Еспорте пренесе дека „каталонците“ му кажале на Нејмар дека ќе мора да прифати помала плата од онаа која ја заработува во Париз во моментов, а ќе треба да се откаже и од тужбата со која си ги бара бонусите од 26 милиони евра кои не му беа исплатени во 2017 поради трансферот во ПСЖ.

Нејмар исто така јавно ќе треба да каже дека сака назад. Наводно сите овие услови биле прифатени од играчот и неговиот камп па наскоро може да пристигне и изјава од самиот фудбалер.