24фудбал

Де Лихт ќе заработува три пати повеќе од Де Јонг и го одбира Јувентус поради Роналдо

Холанѓанецот ќе биде втор најплатен играч во Серија А, а Рајола верува дека тренингот со Кристијано Роналдо ќе го направи уште посилен.

Италија

Матијс де Лихт е пред портите на Јувентус, холандскиот весник АД пренесе дека работата е 90% завршена иако кога Мино Рајола е дел од преговорите се може да се случи до крајот.

Де Лихт кој беше капитен на Ајакс минатата сезона иако имаше само 19 години, е во центарот на вниманието во летниот преоден рок.

Заинтересирани за Де Лихт беа и Барселона и ПСЖ, но Јувентус го примами со висока плата и со Кристијано Роналдо за кој Холанѓанецот има многу високо мислење.

Дел од клучните моменти беше кога во финалето од Лигата на нации, Кристијано лично направи муабет со Де Лихт и го замоли да дојде во Јувентус.

Мино Рајола верува дека секојдневните тренинзи со Кристијано Роналдо ќе му помогнат на Де Лихт да напредува во кариерата и да изгради работна етика, а кога тоа е во прашање, нема попосветен играч од Португалецот.

За разлика од Барселона, Јувентус му понуди многу поголема плата. Тој ќе биде вториот најплатен играч во Серија А, повеќе од него ќе добива само Кристијано Роналдо, а помалку играчи како Дибала, Пјаниќ, Икарди...

Неговата плата ќе биде три пати поголема од таа на Фенки де Јонг, неговиот соиграч од Ајакс кој на почетокот од преодниот рок потпиша со Барселона.