24фудбал

Милан го сака Фекир, може да го купи за двојно помалку од сумата што Ливерпул требаше да ја плати пред 12 месеци

Од Франција пристигнува информација дека Милан се распрашува за можноста да го ангажира Набил Фекир од Лион и тоа за сума помеѓу 35 и 40 милиони евра.

Италија

Французинот минатото лето требаше да се пресели во Ливерпул за 70 милиони евра, клубовите си подадоа рака, играчот замина на Енфилд на лекарски прегледи, но „црвените“ се откажаа во последен миг.

Сега понуда за Набил Фекир подготвува Милан. Според пишувањата на Франс Фудбал, „росонерите“ со недели коваат планови и веќе се распрашувале за можноста офанзивниот фудбалер да се пресели на Сан Сиро.

Весникот вели дека Милан може да го добие Набил Фекир за 35 до 40 милиони евра со оглед на тоа дека играчот има само уште една година од договорот.