24фудбал

Де Лихт не ја штеди касата на Јуве, Холанѓанецот близу преселба во Торино

19 годишниот дефанзивец не ја штеди клупската каса на италијанскиот првак кој прави максимум за да се доближи до неговите барања, тоа сигурно ќе го стори преку бонуси во договорот, ако се земе во предвид дека бараната плата е мошне висока.

Италија

Матијс де Лихт останува голем приоритет на Јувентус во летниот преоден рок, преговорите рапидно прогресираа во последниов период, кога дефанзивецот даде зелено светло за облекување на дресот на Старата дама во иднина.

Со тоа што е кажано, договор со неговиот агент Мино Рајола не е воопшто лесно, па спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи сега преговара за договорот на својот клиент, а се шпекулира дека Де Лихт бара годишна плата од 12 милиони евра.

Извесно е дека постои голема разлика во преговорите помеѓу обете страни, па во Италија пишуваат дека Јувентус нема да оди повисоко од годишна плата од 7,5 милиони евра за младиот Холанѓанец, како и да е, италијанскиот првак ќе додаде бонуси за барем да се доближи до барањата на фудбалерот.

„Калчомеркато“ пишува дека договорот се чини дека е се поблиску да се реализира како поминува периодот, „Радио Каталонија“ тврди дека постојат 95% можност Холанѓанецот да се пресели во Јувентус, а останатите 5% и преостануваат минимални шанси на Барселона.

Јувентус исто така нема ништо против барањата на Ајакс за обештетување во висина од 67 милиони евра плус 13 милиони евра во бонуси, кои би зависеле од перформансите на фудбалерот во текот на претстојните сезони.