24фудбал

Интер смета дека ја има добитната формула за Лукаку, на Манчестер јунајтед му нуди 10+60 милиони евра

„Нероаѕурите“ стокмиле предлог за Манчестер јунајтед кој би можел да им го обезбеди потписот на Ромелу Лукаку, Интер го сака напаѓачот на двегодишна позајмица вредна 10 милиони со обврска целосно да го купат за додатни 60 милиони евра.

Италија

Се верува дека Белгиецот е прва желба на Антонио Конте за засилување на нападот. Самиот Ромелу Лукаку индицираше дека сака во Милано, а и Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде играчот, но „ѓаволите“ сакаат да вратат што е можно поголем дел од сумата која му ја платија на Евертон пред две години (85 милиони евра).

Шпекулациите велеа дека Интер го понудил Мауро Икарди како дел од трансферот, но „ѓаволите“ го одбиле овој предлог.

Изминативе денови директорите на „нероаѕурите“ имаа серија средби со агентот на Ромелу Лукаку, и сега е стокмена нова понуда. Интер ќе му предложи на Манчестер јунајтед да го добие Ромелу Лукаку на двегодишна позајмица вредна 10 милиони евра, а клубот од Џезепе Меаца ќе се обврзе во целост да го купи Белгиецот за додатни 60 милиони евра.

Со ваква формула, Интер ќе го распредели финансикиот товар во неколку години, а клубот од Олд Трафорд ќе си ја добие бараната сума. Останува да се види дали „ѓаволите“ ќе одговорат позитивно.