24фудбал

И покрај забраната за трансфери, Челси го купува Ковачиќ од Реал, паднал договор за зделка вредна 50 милиони евра

Медиумите од Англија и Шпанија пренесуваат дека Челси и Реал Мадрид постигнале договор за трансфер на Матео Ковачиќ кој со вклучени бонуси ќе изнесува околу 50 милиони евра.

Англија

„Сините“ имаат забрана за трансфери, но „дупка“ во правилата им овозможува да го купат Матео Ковачиќ бидејќи фудбалерот изминатава сезона настапуваше на Стемфорд Бриџ на позајмица и Челси ја поседува неговата регистрација.

Но зделката е возможна само доколку се комплетира до 30. јуни, па двата клуба имале интензивни преговори оваа недела и последните информации велат дека паднал договор.

Голем број на медиуми од Англија и Шпанија пренесуваат дека Челси и Реал Мадрид си подале рака за трансфер вреден околу 45 милиони евра, кој со бонуси ќе се искачи на 50 милиони евра.