24фудбал

ПСЖ во преговори со Милан за Донарума, Росонерите освен кеш, посакуваат и трампа

20 годишниот голман би можел да застане на голот на францускиот првак кој бара освежување на таа позиција по заминувањето на Џанлуиџи Буфон, веројатно е дека Донарума е нивниот прв избор, а од Милан има позитивни сигнали.

Италија

Џанлуиџи Донарума летово би можел да го напушти Милан, во текот на вчерашниот ден во Италија пренесоа дека ПСЖ веќе ги почнал преговорите со Милан за негов ангажман, а „Тутоспорт“ веќе објави и детали од потенцијалниот договор помеѓу обата клуба.

Францускиот првак се вели дека е подготвен да се избори за потписот на младиот голман, обата клуба се во преговори, а се споменува дека можно е да дојде и до трампа во самиот договор, во која би биле вклучени Донарума од едната, како и Алфонс Ареола од другата страна.

Од Милан го проценуваат нивниот голман на околу 50 милиони евра, меѓутоа посакуваат во договорот со ПСЖ да биде вметнат и францускиот голман, кој на трансфер пазарот се смета дека има вредност околу 20 милиони евра.

Со тоа, барањето на Росонерите е 50 милиони евра во кеш, како и дополнително да го добијат Ареола, дали ќе се оствари нивното барање, останува да видиме во периодот кој претстои.