24фудбал

Официјално: Рома го купи Диавара од Наполи за 21 милион евра

Рома се засили со играчот од средниот ред на Наполи, Амаду Диавара кој стави потпис на петгодишен договор со римската волчица.

Италија

Рома го потврди трансферот на Диавара од Наполи.

„Диавара доаѓа во Рома од Наполи за сума од 21 милион евра. Тој потпиша петгодишен договор со клубот со трајност до 30 јуни 2024 година“, стои во соопштението на клубот.

Има 21 година а комплетираше три сезони во Наполи каде одигра 74 натпревари.