24фудбал

Фановите на Интер збунети од коментарот на Гризман по објавата на Годин (ФОТО)

Чуден, а на моменти и збунувачки коментар на Французинот по објавата на Годин на социјалните мрежи, Гризман веќе потврди дека летово ќе го напушти Атлетико Мадрид, за него се вели дека веќе си подал рака со Барселона, но, Каталонците постојано ги негираат тие шпекулации од медиумите.

Италија

Интер и официјално го презентираше Диего Годин како нов фудбалер, тоа е познато од поодамна, а Нероаѕурите официјалното соопштение го пуштија веднаш штом истече договорот на искусниот 33 годишен уругвајски дефанзивец со Атлетико Мадрид.

Уругваецот упати благодарност до сите фанови за нивната поддршка, за пораките кои ги добил изминатиов период, додавајќи дека е мотивиран за новиот предизвик во неговата кариера кој претстои, меѓутоа следеше и коментар на неговиот близок пријател и веќе екс соиграч од Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Вчитување“, напиша Французинот, а со тоа барем за момент ги збуни фановите на Нероаѕурите кои сигурно гледаат нешто бомбастично од неговиот коментар.

Од поодамна Гризман се поврзува со Интер, од друга страна пак Мауро Икарди се шпекулираше дека е желба на Диего Симеоне за нападот на Атлетико Мадрид, дали е возможно да се реализира една таква трампа, останува да видиме во периодот кој претстои.