24фудбал

Лестер одби богата понуда од Манчестер јунајтед за Мегваер, има добра причина за таквата одлука

Се верува дека во Лестер само под еден услов би дале зелено светло за продажба на нивниот дефанзивец кој важи за еден од најдобрите на својат позиција во најсилниот англиски шампионат.

Англија

Манчестер јунајтед испрати понуда во висина од 70 милиони фунти до Лестер за еден од најдобрите дефанзивци во Премиерлигата, како и англиски репрезентативец, Хари Мегваер, меѓутоа понудата на „Црвените ѓаволи“ експресно беше одбиена.

Според информациите кои ги пренесоа медиумите на Островот, поранешниот англиски првак има добра причина зошто ја одби оваа богата понуда, „Лисиците“ посакуваат да го соборат светскиот рекорд за дефанзивец по трансферот на Вирџил Ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул за 75 милиони фунти.

Неофицијално, од друга страна пак на Островот на големо се пишува дека Мегваер има голема желба да го облече дресот на градскиот ривал на Манчестер јунајтед, тоа е шампионот на Премиерлигата, Манчестер Сити.

Преговорите помеѓу клубовите од Манчестер и Лестер траат веќе неколку седмици, а „Скај Спортс“ тврди дека тешко е да се постигне договор за трансфер на дефанзивецот и покрај понудата од Манчестер јунајтед која не е баш мала.

Се верува дека челниците на Лестер ќе дадат зелено светло за продажба на Мегваер само доколку добијат понуда вредна над 75 милиони фунти.

„Дејли Меил“ пренесува дека во Лестер веруваат дека потрошените 50 милиони фунти од Манчестер јунајтед за ангажман на Ван-Бисака од Кристал Палас докажуваат дека нивниот фудбалер вреди многу повеќе, а воедно игра на повисоко ниво во однос на Ван-Бисака.