24фудбал

Бразил ја победи Аргентина за пласман во финале, Меси никако да освои трофеј со репрезентацијата (ВИДЕО)

Бразил со 2-0 ја победи Аргентина и за прв пат по 2007 година се пласира во финале на Копа Америка.

Јужна Америка

Бразил ја доби јужнамериканската класика, Аргентина е елиминирана, Лео Меси остана без пехар со репрезентација и по уште еден голем турнир.

Првата шанса ја имаше Аргентина, Паредес биеше силно од голема далечина, топката заврши малку над голот на Алисон.

Во 19. минута беше отворен резултатот, по асистенција од Фирмино, Габриел Жесус постигна гол за водство на Бразил од 1-0.

Десетина минути подоцна Аргентина имаше голема шанса да го изедначи резултатот, Агуеро биеше со глава, но неговиот удар заврши во пречката.

Во 57. минута уште еднаш конструкцијата од голот го спасува Бразил, овој пат Меси биеше силно, но неговиот шут заврши во стативата.

На 20 минути пред крајот беа решени сите дилеми, при една брза контра Габриел Жесус му асистираше на Фирмино кој постигна гол за конечни 2-0.

На крајот Бразил се радуваше на победата, а Меси нема да има уште многу шанси до крајот на кариерата да освои голем трофеј со Аргентина.