24фудбал

Аргентинците се бесни за овие две спорни ситуации (ВИДЕО)

Аргентина не може да се помири со поразот од Бразил, на мета се судиите кои не употребија ВАР иако според аргентинците во два наврати требало да добијат пенал.

Јужна Америка

Има две спорни ситуации на кои Аргентина се жали.

Едната е при еден корнер кога Артур го спречи Отаменди да скокне по топката.

Другата е при вториот гол на Бразил, кога Аргентинците сметаа дека има прекршок за пенал врз Агуеро, но играта продолжи а од контрата следуваше водство од 2-0 за домаќините.

Дали Аргентина требаше да добие некој пенал, проценете сами.