24фудбал

Гвардиола го доби првото засилување за новата сезона и тоа рекордно, на Етихад пристигнува Родри за 70 милиони евра

Атлетико Мадрид потврди дека Манчестер Сити ја активирал откупната клаузула на Родри, попладнево во канцелариите на Ла Лига бил доставен чек од 70 милиони евра.

Англија

„Граѓаните“ му ја остварија желбата на Пеп Гвардиола. Стратегот побара дефанзивец од средниот ред кој ќе треба да го одмори Фернандињо и да го наследи Бразилецот во стартниот тим во иднина.

Попладнево Атлетико Мадрид соопшти дека Манчестер Сити ја октивирал откупната клаузула на Родри. Делегација на шампионот на Англија и агентите на играчот во канцелариите на Ла Лига доставиле чек од 70 милиони евра.

Па Шпанецот ќе стане најскапо засилување во историјата на Манчестер Сити и ќе го собори рекордот на Ријад Марез од минатото лето. Алжирецот беше платен 60 милиони фунти, а Родри сега е нешто под 63 милиони фунти.