24фудбал

По болната елиминацијата од Копа Америка, Меси разговарал со Нејмар во соблекувалната на Аргентина

Лео Меси имал средба со Нејмар во соблекувалната на Аргентина по болната елиминација на „гаучосите“ од Копа Америка, двајцата на само разговарале неколку минути.

Шпанија

И покрај трансферот во ПСЖ, Нејмар остана во контакт со поранешните соиграчи од Камп Ноу, особено со Лео Меси и Луис Суарез. Според пишувањата на Спорт, утрово имало средба помеѓу Нејмар и Лео Меси во Бело Хоризонте.

По меч помеѓу Бразил и Аргентина во полуфиналето на Копа Америка и победата на „кариоките“ од 2-0, Бразилецот ја посетил соблекувалната на Аргентина.

Нејмар го тешел Лео Меси по болниот пораз и двајцата потоа на само разговарале неколку минути.

Со оглед на тоа дека во моментов се актуелни шпекулациите за враќање на Нејмар во Барселона, се претпоставува дека Нејмар и Меси размениле по некој збор и на оваа тема.