24фудбал

Меси и Медел добија црвени картони, Аргентинецот можеби престрого беше исклучен (ВИДЕО)

На нешто помалку од десетина минути пред крајот на првото полувреме од дуелит меѓу Аргентина и Чиле, Меси и Медел беа исклучени со директни црвени картони.

Јужна Америка
Аргентина води 2-0 против Чиле и е на добар пат да го освои третото место на Копа Америка, но вниманието во првото полувреме го привлече еден инцидент.

Играчот на Чиле, Медел буквално полуде по еден дуел со Меси и го удри со глава Аргентинецот. Двајцата заработија црвен картон, но дали требаше само Чилеанецот да биде исклучен?