24фудбал

Жесус доби црвен картон па во бес ја бутна ВАР кабината (ВИДЕО)

Напаѓачот на Бразил, Габриел Жесус беше многу гневен откако во финалето доби црвен картон, настрада и ВАР кабината.

Јужна Америка

Габриел Жесус имаше огромен допринос за трофејот на Бразил во Копа Америка, тој во финалето имаше гол и асистенција, но на 20 минути до крајот доби и црвен картон.

Не можеше да го прифати исклучувањето, па видно нервозен излезе од теренот, ја турна и ВАР кабината, а во соблекувалната дури и плачел. Но на крајот се добро се заврши, па можеше да се израдува на големиот трофеј.