24фудбал

Дани Алвес стана првиот фудбалер во историјата кој освоил 40 трофеи!

Дани Алвес синоќа испиша историја, со селекцијата на Бразил триумфираше во Копа Америка, за него тоа беше 40 трофеј, бројка до која претходно никој не стигнал.

Јужна Америка

Бразил со 3-1 го победи Перу и стана шампион на Јужна Америка, а Дани Алвес дојде до учинок кој никој не го направил.

Вчерашниот трофеј за Алвес беше 40 во кариерата, дополнително тој беше прогласен и за МВП на турнирот.

Алвес освојуваше трофеи каде и да игра, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Бразил. Најмногу од нив му се во дресот на каталонскиот гигант.