24фудбал

УОЛ Еспорте: Нејмар го извести ПСЖ дека повеќе не сака да игра во Париз!

Медиумите од Бразил пренесуваат дека Нејмар го известил ПСЖ дека сака да замине од Париз, напаѓачот својата желба му ја пренел на спортскиот директор Леонардо.

Франција

Нејмар повлече потег, Бразилецот со известил ПСЖ дека сака да замине, ова го пренесе УОЛ Еспорте. Извештајот вели дека напаѓачот неодамна разговарал со Леонардо.

Новиот спортски директор на „светците“ му се јавил на својот сонародник да му каже дека мора да се појави на стартот на подготовките на 8. јули, како останатиот дел од тимот. Тој исто така му го објаснил спортскиот проект.

Нејмар пак ја искористил оваа прилика за да му соопшти дека сака да замине. Леонардо се обидел да го предомисли, но напаѓачот му објаснил дека одлуката е конечна и повеќе не сака да игра во Париз.

Се верува дека Нејмар за својата желба да го напушти клубот ги известил и сонародниците од соблекувалната (Маркињос, Тиаго Силва и Дани Алвес) како и претседателот Насер Ал Келаифи.