24фудбал

Османи: Победата не треба да не залажува

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи е задоволен од триумфот во Естонија иако смета дека требале да извојуваат и победлива победа.

Лига на Шампиони

Шкендија со гол на Агим Ибраими во финишот од натпреварот од пенал дојде до победа од 1-0 на гостувањето кај Номе Каљу.

Според играта и резултатот Шкендија не би требало да има проблем во реваншот, но тренерот Османи повикува на претпазливост.

„Убаво е кога европските настапи ќе се почнат со победа, но мислам дека моравме да дојдеме до поубедлив триумф“, вели Османи.

„Секако победата е значајна, но таа не треба да не залажува, работата мора да ја завршиме во реваншот пред нашите навивачи и да обезбедиме пласман во следното коло“.