24фудбал

Официјално: Пау Лопез е најскапиот голман во историјата на Рома

Рома го комплетираше трансферот на голманот Пау Лопез кој доаѓа од Бетис, тој стана најскапиот нивни голман во историјата.

Италија

Пау Лопез е нов голман на Рома, волчицата за неговите услуги на Бетис му плати 23,5 милиони евра плус бонуси со кои вкупната сума треба да достигне до 28 милиони.

Тој стави потпис на договор до јуни 2024 година и ќе го носи дресот со број 13.

„Едноставно беше невозможно да кажам не на клуб како Рома“, изјави Лопез за клупскиот сајт.

„Ова е голем чекор за мене во кариерата. Среќен сум што еден голем клуб како Рома има верба во мене. Се чувствувам подготвено да влезам во овој нов предизвик“.