24фудбал

Фенербахче во Јувентус ја најде замената за Елмас?

Елиф Елмас е пред трансфер во Наполи, а последните гласини велат дека Фенербахче сака да го купи Сами Кедира од Јувентус

Италија

Според „Скај Спорт Италија“, Фенербахче е сериозно заинтересиран за Кедира во кого гледа замена за Елиф Елмас кој треба да се пресели во Наполи.

Се очекува 32-годишниот Кедира да замине ова лето поради големата конкуренција по доаѓањето на Адриен Рабио и Арон Ремзи.

Тој постигна 21 гол во 87 настапи за Јувентус, и освои четири Скудета, но се мачеше со повреди.

Цената на Кедира поради возраста и неговата ситуација, не се очекува да биде висока.