24фудбал

Се ближи крајот на сагата, адвокатот на Гризман пристигна да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра!

Барселона наскоро ќе го потврди ангажманот на Антоан Гризман, адвокатот на играчот попладнево пристигна во канцелариите на Ла Лига за да ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра.

Шпанија

Се ближи крајот на трансфер сагата на Антоан Гризман, се очекува во следните часови конечно да пристигне абер за неговата преселба на Камп Ноу.

Барселона се обиде да преговара со Атлетико, но клубот од Мадрид одби да прифати сумата да биде исплатена на неколку рати, па „каталонците“ имаа само една опција.

По неколку дена неизвесност, денеска адвокатот на Антоан Гризман пристигна во канцелариите на Ла Лига за да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра и да ја купи слободата на напаѓачот.