24фудбал

Ремси: Постоеа и други заинтересирани клубови, но Јувентус е вистинскиот за мене

Велшанецот вели дека Јувентус е клуб кој едноставно тешко се одбива, тој веднаш штом разбрал за интересот од Торино, не се двоумел во однос на тоа каква одлука да донесе.

Италија

Арон Ремси потврди дека имал и други понуди, меѓутоа веднаш штом Јувентус тргнал по неговиот потпис, за него не постоело прашање за тоа каде да продолжи со својата кариера, Велшанецот вели дека е возбуден, но и горд на тоа што е во тимот од Торино.

Велшанецот во редовите на италијанскиот првак доаѓа како слободен фудбалер на трансфер пазарот откако неговиот договор со Арсенал истече, утрово тој во Торино на пресконференција говореше пред медиумите, а најпрво ја коментираше повредата, за која вели дека е ситна и рехабилитацијата тече според планот.

Имам ситна повреда, но се ќе помине во најдобар ред, во моментов имам одлична рехабилитација, работам напорно ис е трудам да се вратам што е можно побрзо од предвиденото, се уште не можам да одработам целосен тренинг, но, не сум далеку од таа цел, сакам да се приклучам на тренинзите што е можно побрзо“ рече Ремси, а тој додава дека имал и други понуди.

Кога дознав дека и Јувентус е заинтересиран, едноставно не можев да го одбијам тоа, ова е голем клуб, еден од најдобрите и најголемите во светот, сон е да се има можност да играте за овој клуб, тука има различен начин на живот, поинаква култура, ова ќе биде еден голем предизвик за мене“ додава тој.

Да, постоеа и други клубови, но, ова е вистинскиот за мене, возбуден сум, но истовремено и горд што ќе играм за овој клуб“ заклучи Велшанецот.