24фудбал

Нејмар имал состанок лице во лице со Леонардо, откриeни детали од разговорот

Нејмар се врати во ПСЖ, Бразилецот утрово одработи тренинг во теретана а имал и средба со спортскиот директор Леонардо, сонародниците разговарале за санкцијата која го чека напаѓачот.

Франција

Нејмар се врати во Париз. Бразилецот со лет од Рио пристигнал на аеродромот „Шарл де Гол“ во 7:30 утрово, и потоа во 9:10 се појавил во тренинг центарот на ПСЖ.

Поради повредата која ја заработи со репрезентацијата на Бразил, Нејмар не им се приклучил на соиграчите и одработил индивидуален тренинг во тератана.

Тој исто така имал и средба со спортскиот директор Леонардо. Некои извештаи велеа дека двајцата разговарале со часови, но според Ле Парисиен и Радио Монте Карло, состанокот всушност траел неколку минути.

Средбата била пријателска, но Леонардо бил прилично искрен и го потсетил својот сонародник дека и за него важат истите правила како и за сите други и дека нема специјален третман.

Тој на напаѓачот му објаснил дека го чека казна за тоа што не се појави на стартот на подготовките на 8. јули. Санкцијата ќе биде одредена во следните денови и ќе му биде пренесена на Нејмар интерно, без соопштение за јавноста.