24фудбал

Косшиелни треба да земе пример од Линделоф

За разлика од Лорен Косшиелни кој му прави проблеми на Арсенал, централниот дефанзивец на Манчестер јунајтед е среќен што игра за англискиот тим и покрај интересот од Барселона.

Англија

Лорен Косшиелни иако е капитен на Арсенал одлучи да не отпатува на подготовките со тимот, бара од клубот да го пушти да се врати во Франција каде што сака да ја продолжи кариерата.

За разлика од него, централниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Линделоф е среќен на Олд Трафорд и покрај тоа што медиумите го поврзуваат со Барселона.

„Многу, многу сум среќен што сум фудбалер на Манчестер јунајтед. Со голема возбуда го чекам стартот на новата сезона. Тоа е мојот одговор, многу сум среќен тука“, вели Линделоф на прашањето поврзано со Барселона.

„Отсекогаш сум се чувствувал како играч на Манчестер јунајтед, но минатата сезона беше подобра за мене, одиграв подобро отколку во мојата прва сезона“.

„Среќен сум ако луѓето мислат дека сум најдобриот централен дефанзивец во тимот како што велите. Се трудам да го давам најдоброто секој ден и затоа работам напорно секој ден за да му помогнам на тимот и клубот“.