24фудбал

Ериксен ќе оди во Мадрид, но не во Реал?

Кристијан Ериксен долго време се поврзуваше со Реал Мадрид, но последните шпекулации велат дека сега е поблиску до Атлетико.

Англија

Според англиски „Стандард“, Кристијан Ериксен е цел на Атлетико Мадрид во моментов.

Диего Симеоне е во потрага по креативен играч од средниот ред и изборот паднал на Ериксен.

Данецот има уште една година од актуелниот договор со Тотнем, а потоа е слободен играч па англискиот клуб мора да го продаде ова лето доколку не успее да го убеди да потпише нов договор.

Иако засега Тотнем бара висока сума за Ериксен, таа може да биде намалена како што се ближи крајот на преодниот рок.