24фудбал

Икарди му дал ултиматум на Јувентус

Аргентинскиот напаѓач нема намера да ја проследи идната сезона од гледалиштето, тој наводно веќе му дал ултиматум на Јувентус околу потенцијалната преселба во Торино.

Италија

Мауро Икарди е на излезна врата од Интер ова лето, наводно од тој клуб веќе јасно му ставиле дознаење на Аргентинецот дека тој не е во плановите на новиот тренер Антонио Конте за идната сезона.

Извесно е дека првиот избор на напаѓачот е Јувентус, како и да е, во Италија пишуваат дека Икарди нема намера да чека засекогаш за Бјанконерите да го договорат неговиот трансфер, па така веќе му дал ултиматум на спортскиот директор на тимот од Торино, Фабио Паратичи.

Според известувањата на „Спортмедиасет“, се вели дека Икарди веќе испратил јасна порака до Јувентус дека ќе чека до 10. август, во спротивно, доколку ништо не се случи до тој период, ќе почне да преговара со Наполи.

Икарди нема намера да ја мине сезоната на гледалиштето, со оглед на ситуацијата во која се најде во дресот на Нероаѕурите, па активно делува на трансфер пазарот преку своите претставници.